Најдобриот светски тенисер Рожер Федерер стана татко. Неговата сопруга Мирослава Вавринец вчера во Швајцарија на свет донесе две близначки, Шарлен Рива и Мила Роса.


Тенисерот радосната вест ја објавил на фејсбук. Парот се венча минатата година. Се запознале на олимписките игри во 2000-та година, каде обајцата ја претставувале Швајцарија. Мирослава поради повреда престана да игра тенис и стана негова менаџерка.