Најдобриот чувар на мрежата во првата полусезона од регионалната ракометна СЕХА лига, Благојче Трајкоски е ново засилување на охридскиот ракометен клуб.


Трајкоски меѓу „гладијаторите“ пристигнува од тимот на Макс Струмица и ќе преставува големо засилување за охриѓани во борбата во плејофот во Супер лигата.

– Задоволство ми е што Ракометниот клуб Охрид после долготрајните преговори успеа да го ангажира еден од подобрите голмани во македонското првенство. Ангажирањето на Трајкоски беше голема желба на стручниот штаб и на задоволство на сите денес ја официјализиравме нашата соработка. – изјави претседателот на охридскиот клуб, Димитар Спасески.


Среќен и задоволен од постигнатиот договор со Охрид е и голманот Трајкоски кој со Кирил Колев ќе го сочинуваат супер голманскиот тандем на охриѓани во поход кон подобар пласман во елитата.

– Чест и задоволство ми е што ќе го облечам дресот на еден од најдобрите клубови во Македонија и се надевам дека со моето максимално залагање ќе ја оправдам довербата на стручниот штаб и клубот. изјави по потпишувањето на договорот, Благојче Трајкоски.

„Гладијаторите“ пред крајот на првиот месец од годината ќе ги започнат подготовките за продолжението од Супер лигата.

Мх.П.