Плажата е место каде многу лесно можеме да подлегнеме на искушенијата и да посегнеме по некоја брза храна, која е нездрава и прилично скапа.
Храната на плажа не е така едноставна како што ни се чини, особено ако имате деца кои постојано нешто би јаделе. Верувале или не, токму плажата е најдоброто место да им се створат навики за здрава исхрана.
За почеток, спакувајте малку сушено овошје и јаткасти плодови кои ќе ја дадат потребната енергија на здрав начин, а покрај тоа задолжително спакувајте свежо овошје, исечено и спремно во кутија кое во секој момент може да се грицка.
Децата сакаат да изедат и нешто конкретно, па затоа направете домашни грицки или кифлички така што ќе знаете што има во нив.
За крај, добар сендвич добро би дошол, но нека биде од интегрален леб или печиво со што поздрави состојки. Покрај тоа, земете и доволно вода или домашен леден чај.
извор: metro-portal.hr