Охриѓанката Симона Крстаноска од следната сезона ќе настапува за најдобрата женска фудбалска екипа на Балканот, Спартак Суботица.


17-годишната фудбалерка ќе потпише три годишен договор со српскиот клуб, а сезонава ќе ја заврши во битолскиот клуб „Конзули“.

Моментално македонската репрезентативка се наоѓа на подготовки со екипата на Спартак, а договорот според фудбалските правила ќе го потпише кога ќе наполни 18 години.

Спартак Суботица две години е редовен учесник во Лигата на шампиони и неколку кратен освојувач на титулата во Србија.

Ohridnews