Нов Зеланд е социјално најнапредна земја во светот, а Македонија е на 49-то место од вкупно 132 држави вклучени во истражувањето на организацијата Социал Прогресс Императиве, пренесува „Макфакс“.

Во составување на листата, организацијата се водела од повеќе од 50 показатели распоредени во три групи: основни човекови потреби, основи на благосостојба и можности.

Некои од показателите се исхрана, основна медицинска нега, пристап до чиста вода, екологија, лична безбедност, пристап до образование, пристап до информации, комуникации, лични права, лична слобода, право на избор, толеранција, пристап до високо образование и др.

Зад Нов Зеланд следуваат Швајцарија, Исланд, Холандија, Норвешка, Шведска, Канада, Финска и Данска, а на 10. место е Австралија.

Во првите 20 се и Австрија, Германија, Велика Британија, Јапонија, Ирска, САД, Белгија, Словенија, Естонија и Франција.

Македонија е на 49 место, Хрватска на 36, Србија на 41, Бугарија на 44, Албанија на 48 место. Зад нас се Црна Гора (53) и Босна и Херцеговина (61).

На дното на листата се Нигерија, Пакистан, Јемен, Нигер, Ангола, Судан, Гвинеја, Бурунди, Централноафриканската Република и последен е Чад.

OhridNews
извор:„Макфакс“