Секое годишно време носи нешто на што му се радуваме. Будењето на природата, богатите бои во природата, многумина ги прават среќни и посакуваат да направат и мали промени во својот изглед.

Секоја промена може да биде голема или мала, а ако не ви е до големи трансформации, секогаш можете да посегнете по друга боја на сенка, кармин или сјај за усни. Шминкањето е најдобар начин да внесете малку свежина. Време е за нови трендови и најдобрата шминка за пролет.

Трендовите од година во година не се разликуваат многу, па така уште една пролет дизајнерите се одлучуваат за природни и едвај забележливи, но сепак воочливи бои кои убаво ќе ги истакнат вашите очи.Не се работи за традиционални трендови, туку за минимална количина на сенка во пастелни тонови. За разлика од сенките во пастелни бои, моливчињата доаѓаат во разни нијанси, па така се дозволени различни комбинации на бои.

 

За разлика од очите кои ќе ги украсите со нежни тонови, усните слободно можете да ги истакнете со посилни бои како црвена и портокалова. Ако сте една од оние личности кои не сакаат премногу шминка, тогаш ќе бидете задоволни поради тоа што вашиот начин на разубавување конечно дошол на свое.

Уште еднаш во прв план е шминката која остава впечаток како да не сте се нашминкале, а повторно сте успеале да ги истакнете сите свои предности. Иако некои мислат дека нема ништо поедноставно од тоа да ставите само малку шминка, не се во право.За ваков изглед е важно да имате пудра која ќе се стопи со вашата кожа и неутрално руменило кое нема многу да отскокнува, а сепак ќе ја нагласи убавината на јаболчниците. Очите можете да ги разубавите со земјени тонови, а усните во комбинација на балзам и кармин за усни во нежна нијанса.

Ако се одлучите за пастелни и земјени тонови, знајте дека нема да погрешите ако сакате да бидете ин во пролетта, време кога природата уште еднаш одлучила да ја покаже сета своја раскош. Пронајдетете ја вистинската нијанса за себе и заблескајте.

 

извор: savjetnica.com