Ако прашате било кој од експертите, секој од нив ќе ви рече дека за одлично здравје е заслужна здравата и урамнотежена прехрана. Важно е секој ден во чинијата да има здрави намирници богати со хранливи состојки.
Ако размислувате за тоа да ги промените животните навики, тогаш е време да го направите тоа. За жал, поради брзото темпо на живот малкумина стигнуваат да размислуваат за тоа дали тој ден успеале да консумираат здрави намирници. Многумина од нив освен тоа што ги прескокнуваат оброците, воедно консумираат храна без хранливи состојки.
Иако е тешко да се усогласат сите обврски, тоа не е изговор да не водите сметка за начинот на живот. Ако не сакате често да посетувате лекар, настојувајте да се организирате и да се погрижите дневно да изедете до 5 помали оброци кои во себе имаат се што ви е потребно за да можете да функционирате.
Би било добро секојдневно да јадете зеленчук, житарки, соини производи и мешунки. Месото треба да го јадете во помали количини. Рибата на неделното мени би морала да се најде барем два пати.
Секој доктор ќе потврди дека е важно исхраната да биде разновидна и во еден оброк да бидат присутни неколку намирници во различни бои. Свртете се кон супер-намирниците кои најмногу придонесуваат за одличното здравје.
Кои се тие супер-намирници?
Брокулата е една од нив, а се работи за намирница која покрај тоа што подмладува, воедно го чисти организмот и го штити на тој начин што помага во спречувањето на појавата на рак, очни болести, артритис. Добро е што од оваа намирница нема да се здебелите и тоа ако ја комбинирате со маслиново масло.
За почеток на денот за најдобар се смета грејпфрутот. Тоа е овошје што ќе ви ги обезбеди сите важни минерали и останати материи кои помагаат да се спречат и ги лечат сите болести на современото време. Грејпфрутот помага во решавање на проблемите со варење на храната и холестеролот.
Ѓумбирот е уште една намирница која се наоѓа на ценетата листа. Ѓумбирот е одличен кога е во прашање зајакнувањето на имунитетот и лечењето на настинките. Свртете се кон здравиот начин на живот и пронајдете ја најдобрата формула за здравје.
извор:savjetnica.com