При извршување на градежни работи на улицата Железничка, денес, околу 13 часот, најдени се две неексплодирани убојни средства- гранати.

Како што информираат од СВР- Охрид, гранатите безбедно се отстранети и пренесени на соодветно место за понатамошна постапка. Станува збор за стари гранати, но допрва треба прецизно да се утврди од кога датираат. 

Ohridnews