Орангутанката Ошин ќе мора да биде на диета бидејќи поради својата преголема тежина го загрозила сопственото здравје. Тешка е 100 килограми, што е двојно повеќе од другите орангутани кои се развиваат нормално.
Таа се здебелила во Јужна Африка каде 13 години јадела само бомбони, желе и медењаци. За да ја спасат ја префрлиле во прифатилиштето за мајмуни во англискиот Дорсет. Оттаму велат дека ќе бидат потребни неколку месеци за да ослаби и да дојде до нормалната тежина. Сега ќе јаде само минимална количина на овошје и зеленчук секој ден.