Некогаш тежел 590 кг. и бил најдебелиот човек на светот, но на Мануел Урибе од Мексико тоа не го спречило во остварување на целта. Имено, тој сака да застане пред олтар со својата сакана.
Денеска, откако ослабе повеќе од 250 кг и конечно може да седи во креветот за кој бил закован од 2001 година, Урибе сака да ослаби уште повеќе за да ја однесе својата сакана Клаудија Солис пред олтарот.
Човекот кој влезе во Гинисовата книга за највеќе килограми сака да постави нов рекорд за најголем губиток на килограми.
Неговата најголема желба е да стане од креветот и да се ожени со својата избраничка.
– Малку сум исфрустриран, бидејќи ми е многу тешко да станам од креветот. Ние сме заљубени, а најголемата роденденска желба ми е да станам на денот на мојата венчавка.-изјавил Мануел.
Урибе денеска го слави својот 43. роденден, кој посебно ќе биде одбележан со неговата вереница со која веќе две години е во љубовна врска.