Британецот Пол Масон, поранешниот поштар кој сега важи за најдебелиот човек на светот, бил однесен во болница за да му биде извршена операција со која ќе му биде отстранет вишокот на килограми кој бил опасен по неговиот живот. Моментално има повеќе од 440 килограми, а до таа неверојатна бројка дошол јадејќи брза храна осум пати повеќе од просечните луѓе.
Оваа операција ќе чини неколку десетици илјади фунти. Кога во 2002 година бил опериран од брух имал сто килограми помалку, а пожарникарите морале да го пробијат ѕидот во неговата куќа за да го пренесат со вилушкар до амбулантното возило. Се надеваат дека овој пат ќе ослаби барем под 400 килограми.