Кеит Мартин моментално тежи околу 370 килограми поради кои веќе со години е закован за креветот, а за него секојдневно се грижел тим од 18 лица. Кога имал 16 години умрела неговата мајка и престанал да се грижи за себе. Рекол дека не го интересирало што ќе му се случи и јадел се и сешто. Сега се обвинувал и се мразел поради тоа што самиот си го сторил.

Излегувал од куќата единствено кога одел во болница на преглед. Тогаш по него доаѓале осум болничари како би го префрлиле во санитетското возило, кое било посебно појачано како би можеле да го превезат до болницата. Лекарите му рекле дека мора да изгуби барем половина од својата тежина, за да можат воопшто да размислуваат за операција на желудникот која дополнително би му помогнала во неговото слабеење. Тој титулата за најдебел човек на светот ја презел од мексиканецот Мануел Урибе кој некогаш тежел 450 килограми, но со драстична диета изгубил дури 250 килограми.