Зебрата со име Зое, која моментално живее во стационарот за заштита на животни на Хаваите, болува од недостаток на пигментација, амеланизам, поради што, за разлика од другите зебри, е прекриена со златни и кафени пруги, а посебен шарм и даваат необично сините очи. Родена е на островот Малокаи 1998 година. Набрзо по раѓањето, таа и нејзината мајка биле преселени во стационарот за заштита на животни „Ранч три прстени“, каде и денес живее.

Единствениот здравствен проблем кој ја мачи е лошиот вид за време на ноќта, а се предвидува дека во староста ќе има проблеми со бубрезите. Како мерка за превенција уведен и е специјален режим на исхрана, кој подразбира низок процент протеини. Исто така таа не смее долго да биде изложена на сонце, како би избегнала рак на кожата. Поради нејзината општа здравствена состојба и можните потенцијални опасности, оваа врста нема понатаму да биде одлгедувана.