На северот на Шпанија се наоѓа морската плажа Гулпихури, која е интересна по тоа што всушност се наоѓа на ливада. Гулпихури е плажа долга околу 40 метри со кристално чиста тиркизна вода, која е споена со морето преку тунел и пештера, која е издлабена од солената вода во карпите под ридовите.
Оваа песочна плажа од морето е оддалечена повеќе од стотина метри, а интересно е тоа што и на неа можат да се видат брановите, како и плимата и осеката. Популарно е туристичко место и покрај тоа што е тешко да се пронајде, бидејќи е сокриена од ридовите.