Со помош на едно истражување на универзитетите Јеил и Колумбија се дојде до листата на најчисти држави во светот.
Од дваесет најчисти 14 се во Европа бидејќи имаат инфраструктура потребна за добивање чиста вода и решен систем на одвод, што го смалува ризикот од недостаток на вода.


Скандинавските земји се одлични по прашањето за екосистемите и разновидноста на растителен и животински свет. Прва на листата е Швајцарија, а од земјите во развој во првите десет успеаа да влезат само Колумбија и Костарика. САД е на 39-то место, а за тоа е најзаслужен Буш поради неговото одбивање на смалувањето на емисија на СО2.