Само една седмица по свечената инаугурација на железничката линија со голема брзина, најбрза на светот, возот и илјада патници биле запрени поради пушач. Кинеските медиуми соопштуваат дека чад од цигари го вклучил противпожарниот аларм во возот кој ги поврзува Северна и Централна Кина. Патот долг 1069 километри со новиот кинески воз требало да биде совладан со рекордна брзина од 350 километри на час.


Возот сеуште бил на железничката станица кога патникот запалил цигаре, што е спротивно на прописите според кои пушењето е забрането. Потоа морала да биде спроведен сигурносна контрола која траела два часа и 45 минути. Пушачот го снемало, да два други брзи возови доцнеле поради истиот инцидент. Повеќе од илјада патници биле погодени од доцнењето.