300 лути противници се бореа за титула „најбрз полжав на светот“ Годинешната трка се одржа во Конгхам, а правилата се следни: полжавите се ставаат во средина на круг и се упатуваат во правец. Тогаш големата трка започнува.
Оваа година победник е полжавот Хеика од 13 годишната сопственичка Georgie Bow, кој до титулата дојде со време од 3 минути и 2 секунди. Иако најбрз оваа година, Хеика не успеа дда го собори светскиот рекорд од 1995 година, кој го направи полажабот Арчи, со време од 2 минути.
Трката на полжави се одржува од 1960 година, а за прв пат ја организирал Том Елвис, откако присувствувал на сличен настан во Франција.