Полжавот Сидни го преминал тешкиот пат од 33 сантиметри за три минути и 41 секунда и станал најбрзиот полжав на светот. На светското првенство во трка на полжави во британскиот Конгам учествувале дури 200 полжави.
Животните биле означени со броеви и сопствениците не смееле да ги чепкаат до завршувањето на трката. Трката завршува откако полжавите ќе ја преминат целта. Трките се организираат веќе 25 години. Рекордот го држи полжавот Арчи, кој растојанието од 33 сантиметри го поминал за две минути во 1995 година.