Иако не можете да ослабете преку ноќ, сепак можете значајно да ја намалете надуеноста на стомакот. Внесувањето на следните производи ќе ви овозможи да останете виткни и заносни.


Аспарагус

Овој зеленчук е богат со калциум и магнезиум, а тоа се состојќите кои му овозможуваат на вашето тело подобро да ја обработи храната. Исто така аспарагусот помага да се отстранат вишокот течности од организмот.

Вода со краставица

Дехидратацијата ја поттикнува надуеноста на стомакот бидејќи овозможува да се насобере воздух во дебелото црево. Пијте повеќе вода со краставица.

Бел лук

Исфрлете ја солта од вашата диета, а јадењата зачинете ги со бел лук. Тој ќе му помогне на вашиот џигер поефикасно да ги филтрира токсините, а со тоа вашиот организам подобро ќе се справи со мастите.

Риба

Рибите се богати со омега-3 киселини кои овозможуваат подобро варење на храната.

Грејпфрут

Со пребрзо конзумирање на храната внесуваме големи количини воздух во нашиот организам. Ова овошје поради неговиот силен вкус ќе ве направи да јадете поспоро, а со тоа ќе се намали надуеноста на вашиот стомак.