Јужнокорејската компанија “Hjundai Elevator” соопштила дека наскоро на пазарот ќе го понуди најбрзиот лифт на светот, кој ќе се движи со брзина од 1,08 метри во секунда. Лифтот ќе биде побрз од оној кој го произведува конкурентската компанија Тошиба, чиј лифт се движи со брзина од 1,01 метри во секунда.
Лифтот на Хјундаи моментално се тестира во кула висока 206 метри која се наоѓа во Сеул и е во сопственост на компанијата. Побарувачката на брзи лифтови во светот расте со оглед на тоа дека се градат се повеќе згради високи повеќе од 100 метри.