Најбрзиот човек на светот го посвои најбрзото животно. Усаин Болт доби свое домашно милениче и посвои гепард на коj му даде име “Lightning Bolt” .


Оваа интересна случка е дел од напорите, кои Кенија ги вложува за да ги заштити загрозените животни на кои им се предвидува целосно истребување поради трофејниот лов, климатските промени и населување на човекот во тие области.
Светскиот рекордер на 100 и 200 метри платил 13.700 долари за да го посвои бебе-гепардот. Тој секоја година ќе плаќа по 3.000 долари за грижа на Lighting Bolt кој ќе расте во азилот за животни во Најроби.
Болт бил на четиридневна посета во Кенија и изразил задоволство за посетата на кениската дивина но се исплашил од средбата со лавовите.
Тој одбил да се слика со возрасен гепард, но му причинило задоволство додека го хранел малечкото гепардче, кое достигнало големина колку домашна мачка.