Руска тенисерка и американска актерка се наоѓаат на врвот на листата на Форбс со своите импресивни заработувачки. Така Марија Шарапова е најплатен женски спортист на светот со годишна заработка од 29 милиони долари, додека веднаш зад неа е нејзината колешка Серена Вилијамс со заработка од 20,5 милиони, потоа тенисерката Ли На со заработени 18,2 милиони, па Викторија Азаренка со неверојатни 15,7 милиони долари. Само спонзорските договори на Шарапова и донеле 23 милиони долари, додека шест милиони се од наградните фондови на турнирите.
 
 
Што се однесува до актерките, Анџелина Џоли и понатаму е на првото место, па од јуни минатата до јули оваа година заработила 33 милиони долари, иако последен пат во филм се појавила во 2010 година. Џоли е една од ретките актерки која може да бара 15 милиони долари за една улога. Зад неа на листата се наоѓаат Џенифер Лоренс и Кристен Стјуарт.