Најбогатиот кинез изгубил 3,6 милијарди долари во еден ден после потонувањето на глобалните берзи кои го збришаа цел годишен раст на акциит на брезата во Шангај. Основачот и претседател на конгломератот Далијан Ванда, Ванг Џенлин, вчера изгуби повеќе од 10 проценти од своето вкупно богатство. Акциите на берзата во Шангај вчера паднаа за 8,49 проценти, што е најголем дневен пад од 2007 година, за денес да потонат уште 7,63 проценти. И покрај вчерашната загуба, богатсвото на Ванг од почетокот на годинава порасна за шест милијарди долари. Вториот најбогат кинез, основачот на Алибаба Џек Ма вчера изгуби „само“ 545 милиони долари.
Кинеските власти дадоа силна поддршка на берзите во земјата откако клучниот шангајски индекс потона за повеќе од 30 проценти во период од три седмици во средината на јуни. Пекинг изминатиов викенд соопшти дека кинескиот државен фонд за пензии, кој на крајот на 2014 година управуваше со средства вредни 3,5 билиони јуани, прв пат ќе почне да купува акции на берзите, како најнов обид за смирување на пазарот. Според документот кој го освои Државниот совет на Кина, локалните кинески пензиски фондови можат да издвојат до 600 милијарди јуани (97 милијарди долари) за стабилизација на ситуацијата на берзанскиот пазар.