Песот Трабл (неволја) ќе продолжи да живее луксузен живот, побогат за 12 милиони долари добиени од газдарицата која и додека била жива честопати од таблоидите била нарекувана „кралица на скржавите“. Кога ќе угине песот ќе биде закопан во мавзолејот покрај сопственичката и нејзиниот маж кој умрел во 1997. година.
Две од четирите деца на нејзиниот покоен син наследиле по 10 милиони долари, но ќе изгубат половина наследство ако барем еднаш годишно не го посетуваат гробот на татка си.
Другите два внуци не добиле ништо од „ним познати причини“, пишува меѓу другото во тестаментот.