Три дена по изрекувањето на петгодишната казна поради продавање дрога, Камерон Даглас бил префрлен во затвор од полуотворен тип во Пенсилванија. Од апсењето минатата година се наоѓал во притвор во Менхетн.
Неговиот адвокат рекол дека тие осум месеци кои ги поминал во притвор му биле најдолгиот период во животот без хероин, кој го конзумирал од својата тринаесетта година. Во затворот ќе може да работи како градинар, водоинсталатер или електричар и за тоа да добива плата. Затворот е без ограда и затворениците смеат да бидат надвор, но штом падне мрак мораат да се вратат во бараките и да бидат во кревет до 22 часот.