Британскиот хипнотизер Крис Хјуз планира да ја хипнотизира цела планета преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер. Со овој подвиг сака да постави рекорд по бројот на хипнотизирани луѓе. Ќе ги наговори своите следбеници да се фатат за рака и да ги отворат очите една минута.


Тоа ќе го постигне со својот глас. фанови од целиот свет веќе се пријавиле за хипнотизирањето кое ќе се одржи на почетокот на оваа година, односно на денот на кој се одбележува светскиот ден на хипнозата. Крис се надева дека ќе влезе во Гинисовата книга.