Од министерството за економија, велат дека со измените на Законот за угостителската дејност, на Законот за трговија и на Законот за вршење на занаетчиската дејност се излегува во пресрет на барањата на стопанствениците и бизнис заедницата.
Со измените се врши намалување на глобата во просек од 30%, па до 50% и се интервенира во делот на надзорот и казнените одредби од законот, при што се врши рангирање на прекршоците со воведување на укажување за сторениот прекршок и врачување покана за едукација за прекршоци проценети со незначителна опасност, во постапка пред воведување на прекршочна постапка.
Основната цел на министерството за економија е да им се излезе во пресрет на стопанските субјекти во насока на намалување на финансиските последици од изречените казни и да се ублажат последиците од светската економска криза.