Филмските студија „Сони Пикчерс“ и „Марвел Студиос“ соопштија дека со заеднички сили работат на ново продолжение на филмскиот серијал за човекот-пајак – „Спајдермен“.
Новиот филм, кој ќе биде во копродукција на шефот на „Марвел“, Кевин Фејџ и потпретседателката на „Сони“, Ејми Паскал, би требало да ја има премиерата на 28 јануари 2017 година.
Според „БазФид“, засега не е познато кој ќе биде новиот човек-пајак, но сигурно е дека тоа нема да биде последниот Спајдермен, Ендрју Гарфилд.
Најавено е дека пред премиерата на новиот „Спајдермен“, овој популарен филмски и стрип јунак ќе се појави и во некој од филмовите на овие две продуценски куќи.
Според американските медиуми, човекот-пајак речиси сигурно нема да се појави во филмовите чии премиери се закажани за оваа година „Avengers: Age of Ultron“ и „Ant-Man“, па веројатно Спајдермен ќе го видиме во „Captain America: Civil War“, чија премиера е закажана за 6 мај 2016 или „Doctor Strange“, кој е најавен за 4 ноември 2016 година.
OhridNews