Туристичката сезона е при крај, но топлото време прави таа да се продолжи за уште некој, скапоцен ден. Се разбира и содржините што се понудија летово не беа лоши, посебно за помладите посетители. На нашиот портал во тек е анкета која ќе покаже што читателите мислат околу (не)успешноста на сезоната, но сепак мора да се признае дека летово имаше „акција“. Во неофицијален избор за нај – забави ги прогласуваме_

1. Пол ван Дајк, светскиот Ди-Џеј во „Изгрев“

2. концертот на Владо Јаневски на Антички и

3. (ре)отворањето на дикотеката „Парк 4 Сезони“

Секако дека имате право да мислите поинаку. Како добар туристички потег го оценуваме и уредувањето на плажите, бидејќи значаен број туристи можеа да уживаат во повеќе содржини, а не само во бесмислено капење и сончање. За (не)хигиената во друга прилика.


13.000 за Пол ван Дајк


Елегантен и искусен


„Еталон“ за дискотека – ПАРК

С. Костоски

фотографии_
Томе Љушев и архива на ohridnews