Уште незасушена бојата, на новата фасада на една од кулите позади х. „Ривиера“ деновиве осмнаа повеќе графити. Најверојарно графитите се дело на туристи кои донеле дел од својата урбана (не) култура во Охрид. Пораките се приказна за себе, но освен што ја нагрдиле фасадата немаат никаква друга уметничка вредност. Графитите се дел од урбаното живеење во секој град. Охрид се разбира не е имун на тоа, но испишувањето на пораките со спреј и четка кај ќе се стигне не е нешто посебно симпатично. Можеби градските власти треба да подразмислат за израдба на соодветен ѕид за графити по примерот на Сплит каде младите  имаат на располагање поголема бетонска површина за изразување на своите мисли. Ем младите „уметници“ ќе има каде да цртаат, ем фасадите од зградите ќе бидат поштедени, се надеваме.


Нагрдени новите фасади

ohridnews