Знае ли некој да објасни што претствува овој знак поставен во центарот на градот во близина на кафе барот „Стрит.


Што претставува овој знак?

Прашањето, го поставува  нашиот сограѓанин Горан Целе според кого ова е еден од најинтересните  знаци во Македонија. „ Освен што делумно го покрива билбордот (некој платил да рекламира на него), цртежите на знакот се збунувачки. Што значат? Тоа е знак како од детска градинка. Има деца со топки (демек опасност), има куќа на крив пат (демек населено место) има кола демек не знам што“, вели нашиот читател, кој апелира знакот да се тргне. „Тргнете го знакот, идат новогодишни празници. Ќе има гости, сите ќе ни се смеат“, вели читателот……

Знакот е стандарден и постои !

Посочениот знак посочен како и нејасен всушност е стандарден знак, објаснува друг наш читател.

„Се работи за совршено стандарден знак, во употреба во сите земји кои ја пратат Виенската спогодба за сообраќајни знаци и правила (практично сите земји во светот, освен САД и Канада. Знакот припаѓа на групата знаци за известување и означува „зона на смирен сообраќај“. Во рамките на оваа зона, возачите на моторни возила не смеат да возат со брзина поголема од пешачки од, поради опасност од истрчувања на деца. Најчесто се поставуваат пред градинки и основни училишта. Нивната употреба секогаш е придружена со поставување на „легнати полицајци“ во зоната. Истиот знак прецртан значи крај на слободната зона“, објаснува читателката Билјана Силјаноска. Таа посочува  официјална веб страна  за сообраќајни знаци   http://homepages.cwi.nl/~dik/english/traffic/signs/E.html, каде споменатиот „спорен“ знак е во сина боја.

   
зона на смирен сообраќај       
        

Г. Момироски
фото: Васко Бујароски