Денес членките од Женски Центар „ Бисера“ им ги доделија наградите и признанијата на сопствениците на трите најубави дворови во Охрид, избрани по претходно распишаниот конкурс.
Наградите годинава отидоа во рацете на Петрески Сребра и Перо кои живеат на улицата „ Петрино“, вториот награден двор е во сопственост на Нена Ставреска на улица „Вис“ и третиот избран двор е во сопственост на Гордана Кочовска на улицата „ Климентов Универзитет“.
Наградите кои им беа врачени на сопствениците на најубаво уредените дворови се донација на јавното претпријатие „ Охридски Комуналец“.
OhridNews