Оптина Охрид денеска организираше прием за учениците  од ОМУ
„Методи Патче“  кои неодамна постигнаа голем успех на Државниот и меѓународните
натпревари. Наградените ученици ги прими градоначалникот, Александар Петрески, кој во име на општината им честиташе на младите музички таленти за постигнатиот успех. Како што веќе информиравме на неодамна одржаниот Државен натпревар, учениците од
основното музичко училиште од Охрид освоија 14 признанија, а триумфално
се вратија и од неколкуте меѓународни натпревари на кои настапија исто
така неодамна.


Наградените музички таленти на прием во општината


Ohridnews