До редакцијата на OhridNews испратен е расказот кој ја понесе годинешната награда за најдобар расказ “Живко Чинго”. Расказот во целост можете да го прочитате на нашата интернет страница.

Ова следува по неодамнешните реакции на еден од авторите чии два раскази беа во конкуренција за најдобар расказ и кој во испратениот допис до Ohridnews изрази сомневање во регуларноста на конкурсот.

– Културната јавност во Република Македонија очекуваше, дека, набрзо, „овенчаниот“ расказ ќе биде публикуван во некои од медиумите, но за жал тоа не се случи. Дури ниту на страниците на електронското гласило што го издава и институцијата која со полна доверба и почит кон писателот и неговото народно дело, го распишува конкурсот, што не беше случај и во минатите години. Со објавувањето на расказот, но потоа и со објавувањето на некој од расказите што (според комисијата) застанале веднаш зад него, ќе и се даде можност и на пошироката јавност да се запознае, но и да процени за квалитетот, за вредноста на трудот што се наградува, стоеше во испратениот допис на овој автор.

Како што е познато автор на расказот „Тагата, ах, тагата“ што под шифрата „Црн ат“  ја освои првата награда од жирито на конкурсот за доделување на наградата „Живко Чинго“ за 2010 година е охридскиот писател Димитар Пандев. OhridNews го објавува првонаградениот расказ, со цел љубителите на прозата да се запознаат со неговата содржина.

На следниот линк можете да го најдете  наградениот расказ на Димитар Пандев: „Тагата, ах, тагата“.

OhridNews