ЕВН Македонија го продолжи рокот за пријавување на  наградниот конкурс за најдобра маска инспирирана од книга, со што ќе се одбележи Светскиот ден на книгата за деца, 2 април. Конкурсот е отворен до 29 март, до кога учесниците треба да испратат фотографии на кои се фотографирани со своите маски, на следнава е -адреса: [email protected]

Право на учество на овој повик имаат сите ученици од 6 до 14 години од сите основни училишта низ Македонија.

Финалната средба на „ликовите од книгите“ ќе се случи на први април, Денот на шегата, кога ќе бидат доделени и наградите за најкреативните маски, за кои ќе решава тричлено жири.

За најкреативните пет маски ЕВН ќе обезбеди таблети со апликации за читање електронски книги. Проект се реализира во партнерство со асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој „Паблик“, а фотографии со најдобрите маски ќе бидат објавени и на страниците на уличното списание „Лице в лице“, чијшто следен број ќе биде посветен на книгата и на нејзината моќ.

OhridNews