Еден селанец од Бангладеш е прогласен за шампион во борбата против глувците откако убил повеќе од 80 илјади од нив. Овие глодари секоја година ги уништуваат приносите во Бангладеш, кој спаѓа меѓу најсиромашните држави во светот. Мокарул Ислам во последниве девет месеци убил 83 450 глувци и покрај титулата шампион бил награден и со телевизор во боја.
Експертите проценуваат дека во Бангладеш глувците уништуваат 10 проценти од приносите секоја година. За да излезе на крај со нив, Мокарул најчесто користел отров, а како доказ за бројот на убиени ги чувал нивните опашки. Тој изјавил дека нема да се откаже од понатамошната борба против глувците.