Стихозбирката “Сонувај добрина” претставува заокружено поетско остварување со педесетина песни наменети за најмладите читатели, во кои авторот мошне суптилно и луцидно обработува бројни теми и мотиви.
Поетот Панде Манојлов создава творби за најмладата популација, во кои тие лесно ќе се препознаат и идентификуваат, а кои се одликуваат со ангажираност, необичност и привлечност. “Сонувај добрина” е трета книга за деца на Панде Манојлов, по книгите “Срца, булки и снегулки” (1997) и “Песни за Никола и Дамјан” (2003).
Панде Манојлов е член на Друштвото на писателите на Македонија од 1989 година и сега е актуелен секретар на ДПМ.
Досегашни добитници на наградата “Струшко изгрејсонце” се писателите Киро Донев за книгата пиеси “Театар без билет” и Петко Шипинкаровски за романот “Златни обетки за Марија”.