Швајцарската наградата   од областа туризмот  што неодамна ја доби општина Охрид претствува  поттик  уште повеќе да вложуваме во градот  Охрид,  повеќе да  ги цениме  и вреднуваме нашите  вредности, како што не ценат  од светот”,   истакна градоначалникот Александар Петрески на средба со новинарите што по повод добивањето на значајното признание се одржа денеска.

На 5-та по ред манифестација за  доделување туристички награди  која се одржа од  1-ви до 4-ти ноември во Лугано Швајцарија, општина Охрид ја доби престижната награда во категоријата  Градови од Хуманистички Размери , “Кралство на светлината и водата , место за  одмор со големи склоности кон туризмот“.

На манифестацијата   имаше  околу 66 000 посетители, 500 изложбени салони,  преку 1 500 излагачи  од целиот свет  и 200 туроператори, а еден од  најинтересните  штандови за посетителите  беше штандот за градот Охрид,    истакна градоначалникот  Петрески.
 
На  прес конференцијата беа  презентирани  видео материјали снимени  во Лугано  за време на одржувањето на манфестацијата, како и написи за Охрид објавени во странски печатени медиуми.

ohridnews