Книгата „Светлината на Света Гора“ на Иван Џепаровски е годинешниот добитник на наградата за најдобра поетска книга од македонски автор „Браќа Миладиновци“.
Одлуката ја донесе жири-комисијата составена од: Вера Чејковска, Весна Мојсова-Чепишевска, Братислав Димитров и Санде Стојчевски.

На конкурсот беа пријавени вкупно 46 книги од 44 автори, а во потесниот избор, покрај победничката збирка, беа и „Морето ми е до колена“ на Јовица Ивановски, „Глагољубни песновиденија“ од Димитар Пандев, „Времено и трајно“ од Јован Стрезовски и „Посланија и риданија“ од Кочо Топузовски.

Книгата „Светлината на Света Гора“ на Иван Џепаровски е посветена на верата, на црквите и манастирите.  Добитникот на наградата Иван Џепаровски рече дека паричната награда ќе ја донира во доброволни цели: половина од парите ќе ги донира за настраданите во поплавите во Скопје, а другата половина во фондот за изградба на конаците на Бигорскиот манастир.

OhridNews