Деновиве во Скопје, се случи 19-то издание на фолк-фестот „Филиграни“, на кој настапи најпознатиот естраден уметник од Охрид, Петар Нечовски.
фото: Естрада плус
Во конкуренција на 21 изведувач “Распали мајсторе“ на Нечовски беше прогласена за „најсвадбарска песна“ и ја доби наградата за најдобар сценски настап. Ова признание е уште едно во долгата низа награди што во својата богата кариера ги има освоено охриѓанецот Нечовски.
На фестивалот беа доделени голем број награди, а песната “Благословиме ме“ на Круме Спасовски ја освои првата награда од жирито.