Барем една третина од работодавачите во САД на работниците им нуди парична награда за губење на вишокот килограми. Според зборовите на лекарот Кевин Волп, просто е неверојатно колку оваа идеја добила на популарност во последно време. Во болничкиот ланец Охајохелт, повеќето работници имале прекумерна тежина, па според изгубените килограми добивале соодветен паричен надомест.


Половина од 9000 вработени во тие болници добиле парична награда во вкупен износ од 377 илјади долари. Директорот на центарот за политиката при исхраната од универзитетот Јејл смета дека оваа програма е губење на време.