Тајванската морнарица за време на една воена вежба изгубила торпедо и нејзините нуркачи не успеале да го пронајдат. Веста била објавена и војската понудила 750 евра награда за оној кој ќе го пронајде и ќе ги извести надлежните органи.
Посебно се осврнале кон рибарите, кои биле предупредени да внимаваат доколку нивните мрежи бидат потешки од вообичаеното. Ова е втор сличен инцидент, бидејќи истото се случило и пред седум години, но за среќа торпедото било пронајдено по една седмица.