Имено, за песната што ќе ја освои првата награда од публиката во Интернационалната вечер на фестивалот, ќе биде снимен високобуџетен спот, во вредност од 20 илјади евра. Спотот ќе се снима со филмски камери. Наградата ја доделува најголемата филмска продукција во Босна и Херцеговина “Solid state productions”, која ќе биде задолжена за снимање на спотот, а сценарист и режисер ќе биде Енвер Пушка. Тој е еден од најдобрите филмски работници во Босна и Херцеговина, а досега работел на три играни филмови: “GO WEST”,”Духовите на Сараево” и “Ритам на животот”. За филмот “Ритам на животот” има добиено награда во Италија и во САД.
Наградата од 20 илјади евра е највисока награда некогаш доделена на некој музички фестивал на Балканот.