Вдовица во Индија потрошила 100.000 евра на гозба за 100.000 луѓе. Се надева дека боговите ќе се смилуваат и ќе и ги отворат вратите на рајот. 80 годишната Хулхарија Кунар нема роднини, па стравува дека ќе нема кој да и го организира погребот. Затоа два дена ги хранела жителите од околните села во источно индиската држава Бихар.
– Сега сум спремна за последното патување и ќе почивам во мир, – изјавила Хулхарија.