Сегашниот тренер на Лајпциг, Јулијан Нагелсман ќе биде нов предводник на „баварците“ од следната сезона, пренесуваат германските медиуми.

Нагелсман веќе имал средба со челниците на Баерн Минхен и до официјализирање на соработка останува раскин на договорот со Лајпциг. Баерн Минхен во име на оштета ќе треба да му плати 17 милиони евра на Лајпциг, по што Нагелсман ќе биде промовиран за нов тренер на германскиот гигант.

Нагелсман кој е најмлад тренер во Бундес лигата на чело на Лајпциг е од 2019 година, а претходно три сезони го водеше Хофенхајм. Младиот фудбалски стручњак во Баерн Минхен ќе го замени Ханс Флик, кој заминува од „Алијанц“ арената и најверојатно ќе ја преземе селекторската позиција во Германија.

OhridNews