Министерството за транспорт и врски ја намали цената за преглед на пловни објекти за 50 %.
Намалувањето на надоместокот за вршење преглед на чамец се однесува на сите категотии, односно: чамец без мотор, вршење стопанска дејност и спорт и рекреација за чамец со механички двигател до 14,72 КВ, за чамец со механички двигател од 14,7 до 36,8 КВ и за чамец со механички двигател над 36,8 КВ.
Деновиве Владата на Република Македонија донесе и Одлука за висината на надоместокот за полагање испит за стекнување звање управувач со чамец.Висината на надоместокот за полагање испит за стекнување звање управувач со чамец изнесува 1.000 денари, односно 2.000 денари за полагање поправен испит.
Со носењето на овие одлуки и намалените цени Министерството за транспорт и врски очекува да се подобри регулирањето на водниот транспорт, како и да се подобри бебедноста во управувањето со пловните објекти.
ohridnews