Проблемот со блокадата на пензиите, на мал дел од  охридските пензионери, кои немаа отворено трансакциона сметка е надминат, затоа што минатиот месец речиси сите корисници на пензија отвориле банкарска сметка.

Од Подрачната единица  на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Охрид, објаснуваат дека сите оние пензионери кои немаат подигнато пензија во јануари, по отворањето на трансакциската сметка, истата ќе ја може да ја подигнат со пензијата од овој месец. Тие нагласуваат дека  сега бројката на пензионери без банкарска сметка во охридско е сведена на минимум и дека тоа се должи на јавните апели и писменото потсетување кое што ФПИОМ го испрати на домашна адреса, до секој пензионер.

Од почетокот на годината, наместо преку поштарите во кеш, исплатата на пензиите се врши исклучиво преку банка. Новината беше воведена врз основа на Законот за платен промет. Додека беше во фаза на најавување наиде на негодување од пензионерите и неколкупати беше одложувана. Најпроблематично беше прашањето, што со оние чија здравствената состојба не им дозволува или од други причини не можат да доаѓаат до банка.

Ohridnews