Вчера министерот имал средба со директорите на болниците и со сите одговорни за снабдување со инсулин на кои договориле нов начин на набавка.
„Од сега па натаму инсулинот ќе се набавува централизирано од една клиника и ќе се дистрибуира низ целата држава“, изјави Османи.
Кризата со инсулин настана откако некои веледрогерии престанаа да им го испорачуваат болниците поради неподмирени долгови. Меѓу должниците беше спомната и охридската општа болница, која, како што објави А1, за инсулин на „Реплек“ му должи 110 000 евра.
извор: „Макфакс“