Пожарот што денеска избувна кај битолското село Ротино, попладнево се прошири и на територијата на Националниот Парк Пелистер.  Од дирекцијата за спасување информираа дека од пожарот не се запалени шумите со молика и уверуваа дека добар дел од пожарот е локализиран и е спречено негово поголемо ширење во паркот.
 
Од огнот спасено е и планинското село Ротино, каде пожарот гореше на половина километар од селските куќи.
 
Зафатената површина од Паркот не е мала, а материјалната штета дополнително ќе се проценува, велат од Дирекцијата за заштита и спасување.
 
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Димче Јошевски соопшти дека пожарот избувнал во 11 часот, кога се запалила трева,а  потоа и нискостеблеста шума.

На терен излезе битолскиот градоначалник Владимир Талески изрази сомневање дека пожарите се подметнати. Тој рече дека надлежните органите работат интензивно за откривање на сторителите.

OhridNews
извор: Makfaks