Според Петрески, државата се залага само кога може да извлече некаква корист од тоа, но не и кога треба се заштити езерото или рибниот фонд во него. Петрески нагласува дека сосема е нелогично тоа што централната власт е надлежна да стопанисува со крајбрежјето, плажите, водите од езерото и рибниот фонд.
“ Најголемиот криминал во последните 20 години е направен токму во однос на нивото на езерото кое и во овој момент е околу 20 сантиметри над дозволениот максимум. За тоа некој треба да одговара. Не може една иста институција како што е ЕЛЕМ, во исто време да стопанисува со езерото и да се јавува како регулатор на нивото на водата” , истакна Петрески.
Градоначалникот додаде дека во текот на последните неколку години направени се голем број проекти за заштита на езерото, но изостанаа резултатите од нивната реализација.